EX-YU ЕСТРАДА

Пејачот се моли за здравјето на сопругата: Марко загрижен за Марија, а има и друг голем проблем

today27/11/2021 67

Background
share close

Пејачот Марко Булат вели дека секој ден се моли на Бога да оздрави неговата сопруга Марија. Сопругата на фолкерот наводно веќе некое време не се чувствува добро, па тој е загрижен за нејзиното здравје.

-Здравјето на Марија е лошо. Му се молам на Бога за нејзиното здравје и сигурен сум дека ќе одговори на моите молитви. Нејзината крвна слика е лоша, но ние се бориме да ја поправиме и не се откажуваме, вели Булат, кој не сакаше подетално да зборува за здравствените проблеми на Марија. Освен што сопругата е болна, Марко има и финансиски проблеми, со оглед на фактот што не работи.

Поради целата ситуација со пандемијата на коронавирус, пејачот долго време немаше тезги и настапи. -Немам настапи, се е откажано. Ама што да правам, се снаоѓам како знам и умеам, рече тој.

 

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%