Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Легендарниот српски пејач, Тома Здравковиќ има ќерка Жаклина, која ја доби со својата прва сопруга Олгица, од која покасно се разведе. Жаклина живее во Холандија и има два сина, а во Србија доаѓа повремено за да учествува во манифестациите кои се поврзани со нејзиниот татко. Жаклина не контактира често со последната сопруга на нејзиниот татко, но тие две имаат сосема коректни односи.
Живеев еден период од мојот живот со него, но кога почина многу ми беше тешко. Тој постои во сите нас, во нашите сеќавања и во неговата музика – вели Жаклина Здравковиќ за српските медиуми.
Таа вели дека секогаш се потсетува на неговата музика и дека нејзина најомилена песна е „Киша је падала“. Најголемиот боем во Југославија, музичарот кој ги има испеано своите најдлабоки емоции, човекот кој важи за легенда, остави голем број песни кои се пеат и се слушаат се до денес. Тома Здравковиќ бил роден на 20 ноември 1938 година во сиромашно семејство. Една вечер во 1956 година Силвана Арменулиќ, тогаш не многу позната пејачка минувајќи низ лесковачкиот парк забележала дека на една клупа седи младо момче кое што се смрзнувало. Почнала разговор со него и дознала дека бил дојден на аудиција за пеење, но не поминал, па сега нема пари за автобуска карта за да се врати дома. Великодушна, каква и што била, таа го земала со себе во нејзината соба, го нахранила, а музичарите од оркестарот ги замолила да му најдат некаква работа. Ова младо момче така почнало да се дружи со нив, а за време на нивните настапи во неколку наврати имал можност да земе и микрофон во рака и да запее. Младото момче се викало Тома Здравковиќ! Од Лесковац потоа се преселил во Белград каде што цели три години секоја вечер пеел од 8 до 4 часот наутро во кафеаната „Градски подрум“. Врвот на славата, Тома го доживеал во 80-те години, кога здравјето веќе му било сериозно оштетено од алкохол. Пиел до изнемоштеност, игнорирајќи ги советите на лекарите кои го лечеле од рак на црниот дроб. Тома Здравковиќ се женел дури четири пати. Речиси сите текстови од своите песни ги има напишано сам, а во нив се зборува за невозвратена љубов и кафеански живот. „Дал је могуче“, „Бранка“, „Дотак’о сам дно живота“, „Кафана је моја судбина“, „Проклета недеља“… се дел од песните кои се слушаат и ден денес. Во белградскиот хотел „Славија“ во 1969 година, во моменти кога веќе бил пијан, на хартија пијан ги напишал стиховите од песната „Шта че ми живот“ која Силвана Арменулиќ ја направи ѕвезда. Долгот од лесковачкиот парк и го вратил на најубав начин! Во времето кога бил ѕвезда, на неговата кафеанска маса секогаш седеле академци, фудбалери, актери, професори… Заработувал вртоглави суми, но истите и ги трошел, а во 1987 почнува со својот ултра кафански живот кој на крајот завршува трагично за него. Тома Здравковиќ почина на 30 септември 1991 година во Белград, каде што е и погребан. Неговиот погреб го организирале пријатели со нивни пари, затоа што тој немал апсолутно ништо, се што имал заработено во животот испил! На 20-годишнината од неговата смрт во Градскиот парк во Лесковац, токму на местото каде што се запознал со Силвана, поставен е негов споменик во природна величина.
The post Ова е ќерката на Тома Здравковиќ: Живее во Холандија, има два сина appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)