Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Пејачот Кристијан Рахимовски, син на починатиот Аки Рахимовски, кој ненадејно не напушти во 67 година од животот, скршен е од веста за заминувањето на неговиот татко. Татко му му бил најголема животна поддршка, а ужасната вест ја дознал кога му се јавила партнерката на Аки, Барбара. Како што се дознава од блиските на Кристијан, тие двајцата се слушнале вчера вечер, како што правеле секој ден и не насетувајќи дека ќе биде последен пат. Таа вечер Аки уште еднаш му повторил на синот дека поради пандемијата, мора да внимава на себе и најмилите. Гледаш дека короната дивее, само внимавај на здравјето, немој да пушиш, чувај се себеси и своите – му рекол Аки на Кристијан пред да почине. Наредниот ден со партнерката Барбара и нивната ќерка отишол на излет во близна на Ново Место каде му се слошило. Таа веднаш повикала брза помош, ама за жал кога стигнале на лекар веќе било доцна. Причинат за смртта не е позната.
The post Не помислиле дека тоа ќе биде последен разговор: Аки се слушнал со синот, ноќта пред смртта appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)