EX-YU ЕСТРАДА

„Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената со обработка на темата „Починка“, компонирана на стихови на големиот Блаже Конески

today15/03/2022 11

Background
share close

После 30 години, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.

Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од „Тра-ла-ла студио“.

Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената!

Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов.

Нема поврзани вести

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%