EX-YU ЕСТРАДА

„Ме блокираше на Инста, рече некој ѝ забранил да комуницира со мене“: Сергеј искрено за односот со Лила по аферата „Рекет“

today05/01/2022 18

Background
share close

По затворањето на ТВ21, каде една од најгледаните емисии на телевизијата беше токму неговата емисија, Сергеј Варошлија за кратко го снема од јавноста. Но, сега повторно е актуелен со нов проект на „јутјуб“ наречен Sergej Reinvented, каде продолжува со коментари и оцени во свој стил. Во последната епизода, тој открива и во какви односи е со водителката Лила Филиповска, со која беа доста блиски пријатели:

Не знам во какви односи сум со Лила. Не сум ја слушнал две години и не сум ја видел. После оној случај „Рекет“ ја видов само неколку пати, по што исчезна од мојот живот. Ме блокираше на Инстаграм, на телефон, рече дека некој ѝ забранил да комуницира со мене. Зошто? И ден денеска сум во прашалници и се надевам дека еден ден ќе го добијам одговорот, рече Сергеј поздравувајќи ја со порака „повеќе да ги цени пријателите“.

Лила не е во комуникација ни со Боки 13, со кого исто така беше многу блиска. Таа и беше во автомобилот со него во моментот кога го апсеа. https://republika.mk/scena/estrada/boki-za-lila-pritvor-se-gledaat-koi-ti-se-vistinski-prijateli/

The post „Ме блокираше на Инста, рече некој ѝ забранил да комуницира со мене“: Сергеј искрено за односот со Лила по аферата „Рекет“ appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%