EX-YU ЕСТРАДА

Кевин Спејси треба да плати казна од 31 милион долари

today24/11/2021 3

Background
share close

Осрамотениот холивудски актер, 62-годишниот Кевин Спејси, ќе мора да плати отштета од речиси 31 милион долари на продукциската куќа која стои зад „House of Cards“. Тој глумеше во оваа серија, но беше отпуштен поради обвинение за сексуално вознемирување. Продуцентската куќа МРЦ побарала компензација за изгубениот приход, кој го припишуваат на ненадејното заминување на Спејси од серијата, откако против него се појавија обвиненија за сексуално вознемирување и злоупотреба. Одлуката судијата ја донел на 19 октомври, кога МРЦ поднеле барање за потврдување на пресудата пред судот во Лос Анџелес. Во документот на МРЦ се вели дека, откако обвиненијата излегле на виделина, Спејси бил суспендиран, па била покрената внатрешна истрага, која покажала дека ѕвездата на филмот „Вител на животот“ ги прекршила одредбите од договорот за актерска и извршна продукција кои поставуваат стандарди за однесување на работното место.

The post Кевин Спејси треба да плати казна од 31 милион долари appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%