EX-YU ЕСТРАДА

Горан Бреговиќ раскажа за родителите: Taтко ми седеше под прозорецот на болницата додека мајка ми умираше од леукемија

today20/12/2021 35

Background
share close

Лидерот на Бело Дугме Горан Бреговиќ раскажа за тажната судбина на неговите родители кои многу се сакале но морале да се разведат поради големиот порок на татко му-алкохолот. Горан раскажува дека иако биле разведени татко му отишол пред болницата и чекал пред прозорот на болницата каде неговата мајка умирала од леукемија.

Моите родители многу се сакаа. Татко ми беше воено лице и пиеше многу. Тие двајца се разведоа поради тоа. И тоа беше голема љубов. Кога мајка ми се разболе од леукемија, таа беше во болницата во Сплит, во градот каде што татко ми живееше со друга жена. Таа друга негова жена ми кажа дека татко ми ноќта исчезнал од куќата. Го видела како се прикрадува во болницата каде што умираше мајка ми. Таму цела ноќ седел надвор под прозорецот од собата каде мајка ми умираше и пушел цела ноќ-раскажа Горан.

The post Горан Бреговиќ раскажа за родителите: Taтко ми седеше под прозорецот на болницата додека мајка ми умираше од леукемија appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%