EX-YU ЕСТРАДА

Го собори рекордот со „Греми“ наградите, а сега Бијонсе доби прва номинација за „Оскар“

today11/02/2022 10

Background
share close

Откако лани го собори рекордот за најмногу добиени „Греми“ награди, поп-пејачката Бијонсе годинава ја освои и својата прва номинација за „Оскар“ за најдобра филмска музика.

Се работи за песната „Be Alive“, којашто е дел од филмската музика на „Краот Ричард“ – приказна за детството на тениските сестри Серена и Венус Вилијамс и нивниот инспиративен татко Ричард. Извршниот продуцент и ѕвезда на филмот, Вил Смит, кој исто така, е номиниран за најдобра главна машка улога, зборуваше за песната, инспирирана од приказната на херојот кој ги претвори своите ќерки во шампионки.

-Спојот на филмот и песната е еден вид магија што е неспоредлива во забавната индустрија. Бев пресреќен кога Бијонсе ја прифати соработката, изјави Смит.

Иако ова е нејзина прва номинација за Оскар, Бијонсе неколкупати настапуваше на „Оскарите“ со своите хитови. Таа е номинирана за најдобра оригинална песна, покрај Ван Морисон, Лин-Мануел Миранда, Дајан Ворен и Били Ајлиш и, Финис.

Годинашното 94. доделување на Оскарите ќе се емитува на „Еј-би-си“, на 27 март.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%