Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Холивудските актери и сопружници Мила Кунис и Ештон Качер почнаа кампања за собирање парични средства на страницата „GoFundMe“ за Украинците погодени од последиците од руската инвазија.
Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливиот товар на оние кои решија да отидат на безбедно. Ова прибирање средства ќе биде помош за бегалците, вели двојката во видеото на Инстаграм.
Првичната намера на Ештон и Мила е да соберат најмалку 30 милиони долари. Во оваа прилика глумицата првпат се огласи по рускиот напад на нејзината родна земја.
Родена сум во Украина, 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Горда сум. Благодарна сум за сѐ што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не може да бидам погорда Украинка. Ова што се случува во Украина е поразително. Нема место на овој свет за ваков неправеден напад врз човештвото, вели Мила во видеото.
Кунис нагласи дека Украинците се силен и храбар народ.
Но тоа што сте силни и храбри не значи дека не сте достојни за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина, истакна глумицата.
View this post on Instagram
Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што е вo брак со Украинката. Тој се согласи дека е исклучително важно да им се помогне на Украинците кои страдаат од руската инвазија. Инаку, тој и претходно на социјалните мрежи ја изразуваше својата поддршка за Украина. Неодамна на Твитер им испрати порака на Русите…
Ако познавате некој од Русија, јавете му и кажете му дека нивните медиуми ги лажат. Украинците не сакаат да војуваат. Тие едноставно не ја сакаат власта на Путин и не сакаат да бидат окупирани, напиша глумецот.
The post Целта се најмалку 30 милиони долари: Mила Кунис повика на донации за Украина, потсети дека е родена и израснала таму appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)