Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Не беше во ред тоа што го правев, но не е мое да ја откријам причината за самоубиството, тоа е одлука на нејзиното семејство, а јас не сум убиец, рече Бака Прасе во видео обраќање откако беше прозван како виновен за смртта на младата српска јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ (21) која си го одзеде животот. Како причина за нејзиното самоубиство во српските медиуми и на социјалните мрежи беше наведена неможноста да го издржи интернет насилството и при тоа како најголем виновник го наведуваа српскиот јутјубер Богдан Илиќ (25), познат како Бака Прасе, поради тоа што пред две години тие двајцата се препукувале преку видеа. Како што наведуваат денеска српските медиуми, познатата инфлуенсерка се самоубила со предозирање со бензедини и екстази. Бака Прасе беше приведен, но по 4 часа распит, беше ослободен од полицијата. Потоа, јутјуберот се огласи со емотивен говор во кој ја откри својата страна од приказната.
– Пред 2 години кога се расправавме, кога беа Јутјуб драмите, медиумите објавија дека јас напаѓам луѓе кои имаат рак. Кика немаше рак фала Богу, а сега медиумите објавија дека јас сум убиец, дека сум одговорен за смрт на дете поради таа драма. Сите ми скокнаа на врат без да ги проверат фактите, дека таа се убила поради интернет насилство. Ќе ви прочитам што напиша сестрата на Кики, ќе ѝ го цензурирам името, но прво да ви го кажам мојот дел … – почна Богдан.
Во пораката, пак, од сестрата на Кика, објавена како Стори на нејзиниот профил на Инстаграм, пишува луѓето и медиумите да не објавуваат дезинформации и лаги. Бака Прасе вели дека тие двајца се разделиле како пријатели. По нивната јавна расправија, тој ја побарал Кика на разговор и со тек на времето се зближиле и развиле идеи за заеднички проекти.
– Бев среќен кога ја добив нејзината доверба, кога почнавме да зборуваме како пријатели и кога ми се довери за некои проблеми низ кои минуваше тогаш. Сакав да работиме заедно, да имаме емисија. Се видовме, не објавив дека се смиривме, бидејќи сакавме да направиме видео – вели Бака Прасе.
Со солзи во очите, тој признава дека не му е лесно. – Луѓето ми пишуваат дали сум среќен што сум го постигнал ова. Мислите ли дека не ми е криво за сè? Мислите дека не се чувствувам делумно одговорен? Јас сум тој што ја прозиваше и фала Богу што нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека не сум јас виновен и ми набројаа со кои проблеми се соочувала, бидејќи имала свои демони со кои не можела да се избори. Но ова нема врска со интернет насилство. Не велам дека е добро тоа што јас го правев пред 2 години. Кои сме ние ако не грешиме? Немаат право да ме осудуваат. Јас ѝ се извинив, таа рече дека разбира и дека не ми замера, дури ми се заблагодари, бидејќи благодарение на мене дознала кои ѝ се вистински пријатели. Немам проблем некој да ме прозива, но не можам да се носам со тоа некој да ме нарекува убиец. Ќе се дознае причината за нејзиното самоубиство – наведе Богдан.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)