EX-YU ЕСТРАДА

Којо за смртта на српската јутјуберка: Балканот не научи да ги почитува успешните

today17/12/2021 49

Background
share close

Не стивнуваат реакциите во јавноста по самоубиството на 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ, жртва на интернет-насилство. Веста за нејзината смрт ја потресе јавноста во целиот регион, а се огласија и бројни познати личности кои ја нагласија важноста од превенција кога е во прашање таканаречениот сајбер-булинг. Тоа го направи и славниот српски актер Никола Којо.

„Животот и така е прекраток. Младите мора да знаат дека всушност постојат и решенија за нивните проблеми, иако можеби моментално не го гледаат светлото на крајот од тунелот. Ако се прашувате што значат и колкава е моќта на навредливите коментари, сетете се на Кика. Со само 21 година стави крај на овоземскиот живот поради неиживеани личности кои седат зад тастатурата и ги навредуваат другите на најстрашен начин“, пишува тој.

Којо нагласува дека слична е ситуацијата и со националистичките коментари.

„Ќе бидете ли среќни ако некому му упатите глуп националистички или пресонално навредлив коментар? Имајте на ум дека коментарите болат, па и убиваат, дури може да бидат пресудни и за вооружен конфликт. Што, претерувам? Размислете! Вие не сте или не сакате да бидете свесни за ова. Мислите дека е забавно и ИН некого или нечии чувства да ги навредувате и да ги понижувате? Срам да ви е на сите кои пишувате навредливи коментари! Балканот е мој, како што е и ваш, но Балканот не научи во доволна мера да ги почитува успешните, другите и поинаквите и големо прашање е дали некогаш тоа ќе се случи. Кика нека почива во мир, а ние како општество паднавме на големиот испит за човечност и хуманост“, завршува актерот во своето обраќање.

 

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%