Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Американската пејачка Никол Шерцингер, поранешната вокалистка на групата „Пусикет долс“, откри детали за булимијата – пореметување предизвикано од неправилна исхрана, од кое страдаше на почетокот на кариерата. Како што истакнува во новото интервју за американските медиуми, Шерцингер решила да го сокрие проблемот од останатите членови на групата, што влијаело на се почестите несогласувања меѓу девојките и на крајот предизвикало нејзино распаѓање. Никол во една прилика, за еден британски магазин изјави дека тоа бил најлошиот период во нејзиниот живот и дека кариерата речиси и била уништена.
Булимијата толку многу ми влијаеше на мојот живот што го изгубив гласот и не можев да пеам, а се се случуваше во времето кога градев кариера во група. Еднаш дури и менаџерот ме најде онесвестенa на подот – изјави Никол.
View this post on Instagram
Денес многу повеќе го прифаќам своето тело. Отсекогаш сум била многу критична кон себе, а на 14 години почнав да трчам. Среде ноќ излегував од дома и трчав бидејќи бев убедена дека морам да бидам послаба и дека бутовите треба да изгледаат баш како што сум замислила. Се чувствував целосно заробена и булимијата ми ја украде сета среќа, самодоверба и спомени – вели Шерцингер.
View this post on Instagram
Булимијата е состојба кога некој со присилување на повраќање или употреба на лаксативисе присилува да го исфрли од телото тоа што го изел. Слично на анорексијата, моделот на „чистење“ може да биде проследен со прекумерно вежбање и гладување.
View this post on Instagram
The post Славната пејачка искрено за болните моменти од младоста: Булимијата за малку ќе ми го уништеше животот appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)