EX-YU ЕСТРАДА

Музичкиот бенд „Ендемски вид” се претстави во Домот на културата во Кавадарци

today08/04/2022 12

Background
share close

Музичкиот бенд „Ендемски вид” синоќа се претстави во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Настапија Мавијан Хаџи-Мустафов на тапани, бас гитара и вокали Ѓеорѓе Станоев, гитара и вокали Даниел Димитров и Димитар Илиев. -Се трудиме да понудиме авторска музика и се надеваме дека таа и се допаѓа на публиката, изјави за МИА Хаџи-Мустафов. Претходно, за време на пандемијата од коронавирус, бендот имаше онлајн настап. Тогаш беше кажано дека станува збор за автентична и комплексна музика со тврда подлога. -Секој од нас дојде со различни пристапи кон музиката, различни стилови, фаворизирани жанрови. Никој од нас не сакаше да го наметне својот стил. Напротив, го прилагоди кон стиловите на другите. Песните, освен музика, носат и приказни. Пораката е, да ги прифатиме другите, такви какви што се, рекоа од бендот, синоќа во Домот на културата. (МИА)

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%