Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „лив јуар лајф“ (Live Your Life) за нејзиниот хит „Левитејтинг“ (Levitating). Од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, стручни лица признаваат дека има сличности во двете песни, особено рефрените. „Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и да добијат обештетување. Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари. Таа, инаку, го објави својот последен албум „Фјучр носталџиа“ (Future Nostalgia) во 2020 година, а во една прилика рече дека не очекувала „Левитејтинг“ да стане толку голем хит.
The post Дуа Липа обвинета за плагијаторство за нејзиниот нов хит appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)