EX-YU ЕСТРАДА

Украинската пејачка со тешко срце се откажа од Евровизија: Еве кој ќе ја претставува државата наместо неа (ВИДЕО)

today28/02/2022 40

Background
share close

Организацискиот одбор во Украина, одржа уште едни избори за Евровизија, па одлучи која песна ќе ја претставува нивната земја на овој натпревар во Торино, откако Алина Паш се откажа.

Украина го испраќа оркестарот Калуш и песната „Стефанија“ во Италија. Водечкиот пејач на групата Олех Псиук беше воодушевен кога ја слушна веста.

-Благодарни сме на сите што не поддржаа во финалето и ни дадоа место на евровизиската сцена. На секој човек од Украина му ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната одлука. Во овие тешки моменти за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме Украина да и ја претставиме на цела Европа, изјави Псиук за официјалните евровизиски канали.

Во коментарите на Јутјуб добија пораки со поддршка од целиот свет.

Алина Паш, која пред неколку дена го освои првото место, објави зошто се повлече од натпреварот.

-Не сакам да учествувам во оваа виртуелна војна и омраза. Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат, истакна таа.

Се започна откако во јавноста протече информацијата дека Алина го посетила Крим во 2015 година, поради што почнале да ја напаѓаат на социјалните мрежи и да и се закануваат. Меѓу другото, и било кажано дека е непријател на Украина.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%