Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Здраво…
– Денес е сабота мамо. Денес ќе даваат пудинг. Јас многу сакам пудинг. Едни добри тетки ми донесоа протеза и сега можам сама да јадам. Тешко ми одеше навикнувањето, ама сега можам да правам неколку работи сама. Добро е тоа, нели?
Знам дека ти би се гордеела со мене да си тука. И тато исто. Ве замислувам негде среќни, со други дечиња кои за разлика од мене имаат раце и нозе. Не ви се лутам мамо.
Верувам дека сте имале голема причина што сте ме оставиле тука. Порано сакав да верувам дека сте отишле во некоја голема и напредна болница да побарате раце и нозе за мене, и потоа да ме однесете да ми ги наместат за да можам и јас да ви се стрчам во прегратка и долго да не ве пуштам. Но сега сум веќе голема и знам да читам. Многу читам мамо, и од книгите дознав дека мојата болест не се лекува.
И се лутам на мојата болест. Да не беше таа, вие сигурно немаше да ме оставите во дом. Тука сите доаѓаат и си одат, само јас останувам. Имав неколку другарчиња, но си заминаа во некои семејства. Пратија слики. Насмеани и опкружени со играчки. Јас имам само една кукла со црна коса. Постојано е насмеана.
Јас тајно ја викам “мама” и кога ми е тешко си легнувам до неа и си замислувам како ме гали и ми пее приспивна.
Наскоро ќе биде мојата полу-матура мамо. Веројатно знаеш од претходните писма дека сум скроз одлична. Ме примија во средно ликовно училиште. Беа одушевени од моите слики што им ги испратив. Директорот рекол дека многу личеле на слики од рајот.
Тој ги пратил на некоја светска изложба на сликари со уста, како мене, и мојата слика на среќно семејство го освои првото место. Толку за сега мамо. Ќе ти пишам повторно за неколку дена. Поздрави го тато и моите братчиња и сестричиња.
Навистина не ви се лутам мамо. Само би сакала да знам дека сте среќни. Ве гушкам со моите замислени раце, и ве сакам со моето вистинско срце. Се надевам дека мојата наградена слика ви се допаѓа, бидејќи вас ве има на неа. Се надевам дека ме препозна, јас сум таа вo средината.
Драги следбеници на фан страната на Радио KISS FM,
Со голема почит и благодарност за вашата досегашна поддршка, администрација на Радио KISS FM се обраќа до вас со еден повик, молба и искрена критика.
Знаете и самите на оваа социјална мрежа што ја нарекуваме ние “океан од содржини што ги споделувате и лајкувате” – трач вести, фотографии и други постови кои не се толку важни некому – често се губи она што е навистина важно.
Ако добро се сеќавате од далечната 1999 година, со голема љубов и посветеност, вложуваме финансиски средства и напори за сите вас, наши верни следбеници.
Во изминатите години доделивме бројни вредни награди – телевизори, карти за концерти низ целиот Балкан, блузони, маички и други значајни подароци.
За оваа цел имавме издвоено повеќе од 1.000.000 денари, покажувајќи колку ја цениме вашата лојалност и поддршка.
Сепак, минатата новогодишна акција, која имаше за цел да усреќи деца преку доделување новогодишни пакетчиња, како и обезбедување топла облека и обувки за оние на кои им е најпотребна, за жал, не го доби одзивот што го посакувавме.
Без вашата поддршка не успеавме да ја оствариме оваа благородна мисија, иако вложивме срце и душа.
Овој пат, искрено се надеваме дека ќе бидеме заедно појаки.
Да го насочиме вниманието кон она што има вистинско значење – детската насмевка, радоста и топлината на оние на кои им е најпотребна.
Новогодишните подароци нека бидат наш заеднички симбол на надеж и љубов.
Слоганот овој пат нека биде „Заедно можеме повеќе!“ – поттик за сите вас да го промените животот некому.
Вашето мало дело може да направи голема разлика.
Споделете ја пораката, приклучете се кон нашите акции и покажете дека заедно можеме да направиме нешто навистина големо и посебно оваа Нова година!
Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
Целосната сума, собрана од донациите му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на Радио KISS FM. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
Личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел.
Здраво!
Радио KISS FM кое постои повеќе од 26 години и непрекинато во сите овие 25+ години за сите концерти Во Македонија се трудиме да Ви доделиме гратис Влезници воедно и поставуваме многу лесни прашања за да ви доделиме и награди.
Започнавме самоиницијативно хуманитарна акција на Facebook. Имено, воведниот текст беше едно мало потсетување за некој деца кој патат по нивните родители и се сместени во згрижувачки домови, за лицата кој во оваа студена зима и Нова Година ја поминуваа покривајќи се со картонски кутии, за лица кој навистина им е потребна нашата мала помош и внимание.
Свесни сте и самите дека многу долг период поминувате по социјалните мрежи и читајќи секакви стории и воедно коментирајќи за истите или ги наградувате со лајк и со следење на фан страна.
Ние како радио KISS FM веќе имавме успешно помогнато на неколку фамилии низ Македонија.
Така и овој пат се зависи од вас.
Радио KISS FM за секој „Follow” започнувајќи од 01.01.2024 кој ќе го кликнете на Facebook страницата „Радио KISS FM”, одвојуваме 2 денари за хуманитарни цели.
Колку повеќе расте бројот на „Follow“, толку повеќе средства ќе се донираат. Затоа, вие едноставно што треба да направите е да притиснете „Follow“ на страницата на „Радио KISS FM”, и да притиснете Share за да помогнете и да ја споделите вашата хуманост со пријателите ваши а ние ќе ги донираме средствата во ваше име и тоа за хуманитарната цел која вие ќе ја одберете.
Сѐ е во ваши раце или подобро кажано во вашите палци од „Follow”. Оваа акција е поразлична од другите затоа што вие ја имате моќта со „Follow / Share” да помогнете и да ја покажете вашата хуманост.
🔔 Биди дел од доброто!
Ако не сте во можност финансиски да помогнете, еден Follow или споделување на овој пост може да значи шанса за една донација! 🙌
Секој ваш клик прави разлика – заедно можеме да ја вратиме насмевката на лицата на оние на кои им е најпотребна. ❤️
👇 Кликни тука за Follow / Share 👇 и Подари надеж, инспирирај промени! 🌟
На крајот на акцијата заедно ќе одлучиме каде ќе ги донираме сите собрани средства од вашите Follow.
Дали тоа ќе бидат училиштата за деца со посебни потреби, институции за деца без родители или институции кои се грижат за хендикепирани лица.
За тоа одлучувате вие од кои ги очекуваме предлозите за донација.
Дополнително, на Facebook страницата „Радио KISS FM“ ќе имаме можност да се забавуваме, слушаме музика наградуваме, исполнуваме музички желби и да споделуваме интересни наши и ваши случувања, авантури од патувања и импресии од актуелни културни и спортски збиднувања живо во емисиите на Радио KISS FM.
👇 Сега вашите Follow / Share вредат! 👇
Донирајте додека сте на Facebook и одлучете каде ќе бидат подарени сите собрани средства.
Донациите можете и да ги направите и онлајн со вашата платежна картичка
Голем број на наши сограѓани, поради социјалната ситуација во која се наоѓаат, не се во можност да си обезбедат лекарства, кои се неопходни за подобрување на нивното здравје. Се среќаваме со луѓе кои не се во можност да купат ниту еден лек кој чини 30 или 50 денари, а според терапијата која им е препишана, имаат цел список со лекови кои треба да ги набават.
Имаме луѓе кои ги донираат своите залихи на лекови, исто така и индивидуални донатори кои директно ги купуваат препишаните рецепти, но потребите за обезбедување на лекови се повеќе се зголемува.
Среќни сме што се уште имаме поддржувачи и пријатели кои имаат чувство за емпатија и хуманоста е дел од нивниот индивидуален карактер.
Доколку и вие сакате да помогнете некому да ги добие своите потребни лекарства на време овој месец, со цел да се подобри нивното здравје, одберете една од веќе понудените суми или сами внесете го износот кој сакате да го донирате.
Уплатата на вашите донации е безбедна и се процесира директно преку системот на PayPal и вашата Банка.
Сајтот на Радио KISS FM нема доприни точки со податоците од вашите платежни картички.
Системот на донации на Радио KISS FM е автоматизиран и Доколку одлучите да донирате преку нашата веб страна со користење на системот PayPal, би сакале да бидете информирани дека податоците од вашата платежна картича не се процесираат преку нашиот сервер и истите не се видливи за нас. Она што ние го добиваме како информација од банката е дали трансакцијата била успешна, колкав бил износот, името и првите или последните 4 броеви од вашата платежна картичка. Истите информации ги добива и лицето/носителот на активната кампања преку е-маил за кое се води кампањата.
При последниот чекор од процесот на донирање ќе бидете пренасочени во авторизираниот сервер на PayPal каде што вашата трансакција се процесира преку најсовремени безбедносни системи кои ги исполнуваат најстрогите критериуми и стандарди за безбедност на светско ниво.
Категории на лични податоци кои се обработуваат преку веб страната на Радио KISS FM
Ние обработуваме два вида на податоци:
1) Податоци за аналитика
Во овој вид на податоци спаѓаат: време поминато на нашата веб страна, вид на уред, оперативен систем и интернет пребарувач со кој пристапувате до нашите содржини, резолуција на екранот, посетени страници, референтен URL од кој пристапувате до нашата веб страна и слично.
Сите тие податоци ни служат исклучиво за аналитика, подобрување на функционалноста на веб страната и маркетинг.
2 Лични податоци
Под лични податоци се сметаат информациите кои ве карактеризираат вас, како што се вашето име, вашата физичка адреса, вашата е-маил адреса, вашиот телефонски број или линк од профил на социјалните мрежи, итн. Радио KISS FM ги обработува вашите лични податоци кои вие доброволно сте ги внеле на нашата веб страна за остварување на конкретната намена. На пример, кога комуницирате со нас, или кога донирате, или кога аплицирате за волонтирање, итн.
Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор
За дополнителни информации или прашања кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и за тоа како управуваме со нив, и/или остварување на Вашите права во однос на обработката на личните податоци, можете да нè контактирате на contact@radiokissfm.mk
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите на Радио KISS FM и истите тие промени ќе бидат ажурирани на оваа страна.
Доколку сте во можност да донирате повеќе средства тоа ќе може да го сторите дирекно преку PayPal: donacii@radiokissfm.mk цел на дознака „Заедно можеме многу повеќе“
Со љубов и благодарност,
Администрација
Радио KISS FM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ