НАЈНОВИ ВЕСТИ

554 Results / Page 15 of 62

Background

EX-YU ЕСТРАДА

ВИДЕО: АББА објавија нов спот за една од нивните најуспешни песни

Шведскиот бенд „АББА“ објави нов спот со стихови – за нивниот хит „Chiquitita“. Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Voulez-Vous“ од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот. „Chiquitita“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот. За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од Би-би-си во Швајцарија, 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со […]

today21/03/2022 11

EX-YU ЕСТРАДА

Евровизија 2022: Македонија на претпоследното место на обложувалниците, зад нас е само Словенија – Украина убедливо го држи првото место

Македонската пејачка Андреа Коевска која што ќе не претставува на овогодинешниот музички фестивал - Евровизија моментално се наоѓа на претпоследното место на обложувалниците. Само Словенија е зад Македонија со песната „Диско“ кои ќе ја изведат „ЛПС“. На официјалната страница на Eurovisionworld, може да се следи котирањето на земјите учеснички на обложувалниците, а убедливо на првото место е Украина со песната „Стефанија“ и Калуш Оркестар. Зад Украина е Италија, а потоа […]

today18/03/2022 3

Естрада

Познати музички имиња вечерва на „Гоце фест“ во Домот на АРМ

Во петок, 18-ти март, ќе се одржи фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест“. Настанот кој е во чест на ликот и делото на Гоце Делчев ќе започне во 20 часот во Домот на АРМ Скопје, а најавено е учество на познати музички имиња од земјава. Блага Петреска, Виданка Ѓорѓиевска, Круме Спасовски, Ани Малинкова, Јулија, Петар Нечовски, Лени Партикова, Кате Соната, Ванчо Тарабунов и многу други се […]

today18/03/2022 6

EX-YU ЕСТРАДА

Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи во ККЛ во Луцерн, една од најпрестижните сали во светот

Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика на вчерашниот настап во ККЛ, една од најпрестижните концертни сали во светот. Пијанистката Ана Велиновска вчеравечер настапи како солист и го отвори концертот на светски познатиот пијанист Фазил Сај во салата ККЛ во Луцерн, Швајцарија. Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од швајцарската публика во престижната концертна сала. Велиновска повторно ќе го отвори и вечерашниот (втор) концерт на Фазил […]

today17/03/2022 16

Естрада

Штом му се допаѓа на Џамбазов, значи е светска: Слушнете ја новата песна на Тарабунов

Александар Тарабунов вчеравечер ја објави „Празен град“, уште една во низата одлични песни кои музичарот ги создава за својата публика. Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски. Музиката, аранжманот и мастерот ги направи токму Александар, додека пак режисерот Зонде овојпат ја имаше улогата и на текстописец. […]

today17/03/2022 16

EX-YU ЕСТРАДА

Уште еден радиски хит на Александар Тарабунов: Слушнете ја „Празен град“ (ВИДЕО)

Поп-пејачот Александар Тарабунов слободно може да се прогласи за еден од највредните изведувачи на нашата естрада. Буквално, популарниот Тара не запира кога станува збор за создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… Токму по тој повод вчеравечер на скоро сите социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Празен град“. Ова е уште една во низата одлични песни кои Тарабунов ги создава за својата публика. Првите реакции за „Празен […]

today17/03/2022 38

Естрада

„Парни Ваљак”, Бајага, Џибони, Масимо Савиќ…на голем концерт во Загреб во чест на Аки Рахимовски

Голем концерт во чест на легендарниот Аки Рахимовски ќе се одржи на 26-ти март во Арена Загреб, во Хрватска. Концертот е насловен ,,Ваљак и пријателите: Доволно е да речеме Аки” и веќе е потврдено учеството на познати музички имиња. Покрај членовите на „Парни Ваљак”, ќе настапи и Кики, синот на Аки Рахимовски, Бајага, Џибони, Масимо Савиќ, Дино Јелусиќ, Нина Бадриќ… Тие ќе ги отпеат големите хитови на бендот.The post „Парни […]

today17/03/2022 2

Естрада

Влатко Стефановски по 40 години во МКЦ: Музицирањето пред домашната публика е секогаш предизвик

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински Културен Центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости. Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со […]

today17/03/2022 7

Естрада

„Банкрот блуз бенд“ се враќа со преработка на „Починка“ од Блаже Конески

По цели три децении, легендарната музичка група „Банкрот блуз бенд“ се враќа на музичката сцена со одличен музички проект. Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе повторно ги споија своите музички таленти и ја обработија песната „Починка“ на Блаже Конески. Песната „Починка“ првпат беше изведена на „Скопскиот фестивал“ во 1976 година, а тогаш ја изведе хрватската пејачка Зденка Ковачичек. Прекрасниот текст на песната е произлезен од […]

today16/03/2022 12

0%