SHOUTcastMk

579 Results / Page 36 of 65

Background

Естрада

Долгот од 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои, Симеон вели ќе го плати ако куќата се даде на Министерството за култура

И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за Бекстејџ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума. […]

today18/01/2022 15

Естрада

Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје

Моментално еден од најбараните и најслушани пејачи на Балканот, Ацо Пејовиќ со голем солистички концерт на 26-ти март ќе се претстави пред македонската публика. Концертот е закажан во спортската арена „Борис Трајковски“, а на неколкучасовниот концерт, миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други. Особено Пејовиќ последниве месеци е актуелен […]

today18/01/2022 35

EX-YU ЕСТРАДА

Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина

Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ. – Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас […]

today18/01/2022 19

Естрада

Тијана Периќ наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“

На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), наедно и нашата земја. Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде […]

today18/01/2022 9

EX-YU ЕСТРАДА

Маша од Скопје преку Валенсија тргнува да го освојува светскиот музички пазар: Ова е нејзината нова песна „Voices“ (ВИДЕО)

Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за крупни чекори. Со оглед на тоа дека за музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да […]

today17/01/2022 8

Естрада

Русинката Маша од Скопје ќе го осовојува светскиот музички пазар

Русинката Маша се појави на македонската сцена пред неколку години, а сега младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов - музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак […]

today17/01/2022 11

EX-YU ЕСТРАДА

Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права минатиот месец. Договорот на музичарот со „Сони мјузик“ беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден музичар некогаш ја остварил. „Сони“ на тој начин стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, […]

today17/01/2022 2

Естрада

Бебето од албумот „Невермајнд“ повторно ја тужи „Нирвана“

Човекот кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ (Nevermind) на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија. Триесет годишниот Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети - поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач […]

today14/01/2022 18

EX-YU ЕСТРАДА

Бебето од „Nevermind“ повторно ја тужи „Нирвана“

Човекот кој беше фотографиран гол како бебе за омотот на албумот „Nevermind“ на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија. Инаку, 30-годишниот Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети – поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт […]

today14/01/2022 2

0%